Двегодишната Лили МекКлакси почина откако нејзиниот сосед со автомобил „ауди“ ја прегазил пред родителската куќа.
Девојчето подлегнало на повредите и покрај тоа што лекарите се обидувале да и го спасат животот.
Несреќата се случила додека мајка и била во куќата.
Полицијата спроведе истрага, но се уште не е потврдено како дошло до трагедијата.
Очевидниците изјавиле дека станува збор за страшна несреќа, но дека возачот на автомобилот не е одговорен за смртта на детето.