Официјални претставници на САД и на Северна Кореја планираат да се состанат следната недела, изјави д портпаролот на Стејт департментот, Морган Ортагус.
„Не можам да споделам други детали за состанокот“, нагласува Ортагос во краткото соопштение.
Претходно денеска, севернокорејската државна агенција КЦНА објави дека Северна Кореја и САД се согласиле да одржат разговори на пониско ниво на 5 октомври и да одржат подготвителен состанок еден ден порано.
Разговорите што имаат за цел денуклеаризација на Северна Кореја запреа по вториот самит на американскиот претседател Доналд Трамп и лидерот на Северна Кореја Ким Џонг Ун во Виетнам, што заврши без договор.