Георгиевски: На овие избори сме за Андреј Петров

Од:

Нашата поддршка на овие избори во Карпош е за Андреј Петров, за Јани Макрадули во Скопје и сите градоначалници на Сојузот за иднина. Карпош секогаш го доживуввме како бастион на СДСМ, а сега да биде на Сојузот на иднината и триумфално да победиме, рече претседателот на ВМРО Народна Љубчо Георгиевски.

Ова не се само обични избори, ова е избор дали ја подджуваме владата и дали сме задоволни од нејзината политика и да предизвикаме предвремени парламентарни избори. На 24. март го даваме нашето мислење и за владата, дали сме задоволни од демократијата во која живееме, и треба да ја направиме разликата. Што гледаме секој ден на нивните спотови? Гледаме секој ден се отвора некоја нова фабрика, ако ги собреме сите фабрики од спотовите ќе испадне дека има стотици нови фабрики и 200.000 вработени во индустријата.
Но, реалноста е дека Македонија во 2012 има рекордно ниско ниво на странски инвестиции, пад во индустриското производство, тоа е жалната слика на реалноста кога ќе се разбудиме од нивните реклами, рече Георгиевски.

Македонија е на претпоследно место по нудење здравствени услуги, по висина на средна плата, во јануари УЈП собрала 49 милиони евра помалку од планираното, тоа значи дека македонската економија го губи здивот, посочи Георгиевски на митингот во Карпош.

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември