Скопје и Атина потпишаа технички аранжман за надзор на воздушниот простор на земјава

Од:

Министерството за одбрана на Република Северна Македонија и Министерството за национална одбрана на Република Грција денеска во Атина потпишаа Технички аранжман за надзор на воздушниот простор.

Како што соопшти Министерството за одбрна, аранжманот кој го потпишаа началникот на Генералштабот, генералот Васко Ѓурчиновски и началникот на грчата одбрана, генералот Христос Кристодулу претставува официјализирање на мисијата „Ер-полисинг “(Air-policing), а ќе се реализира во координација со НАТО.

– Потпишаниот аранжман произлегува од новиот Договор за соработка во одбраната, потпишан од страна на министрите за одбрана, Радмила Шекеринска и Евангелос Апостолакис, за време на посетата во април, годинава на високата владина делегација на Грција на нашата држава, се наведува во соопштението.

Инаку, во месец мај со два прелета во воздушниот простор на земјава од страна на воздухоплови Ф-16 на грчката Армија, беше извршен првиот пробен прелет за потребите на Мисијата на НАТО „Ер-полисинг“, со цел проверка на комуникациите и радарската покриеност на нашиот воздухопловен простор.

Мисијата „Ер-полисинг“ е ексклузивна придобивка која важи само за земјите членки на Алијансата и вклучува користење на системот за следење на воздушниот простор и управување со системот за команда и контрола на воздухопловните сили со соодветни сили и средства за противвоздушна одбрана, вклучувајќи и борбени авиони. Целта е заштита на интегритетот на воздушниот простор на НАТО земјите членки.

И последната земја членка на НАТО, Црна Гора, во текот на пристапувањето во НАТО потпиша технички договор за „Ер-полисинг“ со Грција и Италија, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

Тошковски: Нема радијациско зрачење од пожарот во Трубарево, а над 400 метри од центарот на жариштето не е измерена загаденост

Предраг Петровиќ

Ѓорѓиевски од Трубарево: Ова што се случува е злосторство против народот, против луѓето на Скопје

ДУИ: Архитектот Мишел Ројкинд и Бујар Османи ја презентираа „Визија Чаир 2040“

Предраг Петровиќ

На плажа во Грција, девојче од Србија нападнато од волк: „Ја закачи со шепата“

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара граѓаните да седат дома, а со Герасимовски се забавува на партиски концерти, врв на лицемерието на СДС

Институтот за јавно здравје препорачува: Ако има загаден воздух, седете дома и затворете ги прозорците