Георгиевски: Делата на ВМРО-ДПМНЕ влог за идните генерации

Од:

Најголем дел од 10.112 проекти предвидени со програмите на 70-те кандидати за градоначаници на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, се однесуваат на подобрување, реконструкција и доизградба на патната мрежа во општините.

Како што рече денеска на прес-конференција Љупчо Георгиевски од ВМРО-ДПМНЕ, локалниот развој кој е директно зависен од добрата патна инфраструктура, останува еден од приоритетите.

– Како партија, изминатиов период за свој приоритет ја зацртавме обновата на локалната и регионална патна мрежа, како и изградбата и реконструкцијата на нови улици и булевари. Тоа се патишта кои најчесто се користат од граѓаните и од кои најмногу зависи локалниот развој. Благодарение на таквите инвестиции по подолго време голем број населени места добија асфалтирани патишта, а со тоа и непречена комуникација со градовите и центрите на општините, истакна Георгиевски.

Во програмите на кандидатите се предвидува изградба на нови патни правци меѓу кои пробивање и тампонирање пат од село Бохула преку село Радња до ски-центарот „Кожуф“, сообраќајна клучка на магистралниот пат Скопје – Гостивар кај село Брвеница, локален пат од М-6 до вештачка акумулација „Мантово“ (поврзување на општините Штип и Конче), локален пат за село Сарчиево, пат до манастирот Трескавец, локален пат Струмица – село Водоча – брана „Водоча“, локален пат село Сачево – ТИРЗ „Свидовица“…

Георгиевски посочи дека ќе се реконструираат и доизградат постоечките патни правци, регионалните Кавадарци – Мушов Гроб и Радовиш – Конче – Лубница и Анѓелци – Вељуса – Водоча – Баница, локалните село Лесковица и село Пиперово – М-6 – Неготино, Струмица – село Попчево, село Горно Оризари – Крклино во општина Битола, „Источна обиколница“ на Битола, како и патот Бошков мост – Гарски мост.

Програмите на кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ предвидуваат и огромен број проекти за реконструкција и асфалтирање улици, пробивање нови булевари и проширување на постоечките. Овие проекти, како што нагласи Георгиевски, ќе дадат силен поттик на локалниот развој.

– Веруваме во програмите на нашите кандидати и им даваме целосна поддршка. Тоа се дела кои ќе говорат за еден одговорен пристап и чесна работа во општините. Делата кои зад себе ги остава ВМРО-ДПМНЕ се одговор на барањата на граѓаните, но и влог за идните генерации, рече Георгиевски.

Би можело да ве интересира

Грузиската Централна изборна комисија ги објави конечните изборни резултати, опозицијата продолжува со протестите

Граѓаните не сакаат предвремени парламентарни избори, вели Мицкоски

Филипче: Ние сме подготвени за избори, ќе настапиме многу организирано и многу поуспешно

Објавени се конечните резултати од изборите во Подгорица

Проруската владејачка партија прогласи победа во Грузија, опозицијата излегува на протести

Предраг Петровиќ

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар