Тодоровиќ: Нова модерна населба во Крњево

Од:

Кандидатот за градоначалник на ВМРО–ДПМНЕ за општина Центар Владимир Тодоровиќ и носителот на советничка листа Томислав Лазаров денеска на прес-конференција ја промовираа новопроектираната населба во Крњево.

Како што рече Тодоровиќ во разговор со присутните граѓани, новодонесениот детален урбанистички план за Крњево предвидува изградба на целосна инфраструктура, улица, фекална и атмосферска канализација, водовод, нисконапонска мрежа.

– Општина Центар откако првпат го изготви урбанистичкиот план на локалитетот Крњево, има обврска во наредниот период за жителите да ја изведе инфраструктурата. Тоа значи дека за околу дванаесетина улички, дел од нив постојни, дел новопроектирани, ќе се изведе целосна инфраструктура, коловоз, тротоари, осветлување, фекална и атмосферска канализација, истакна Тодоровиќ.

Висината на оваа инвестиција е околу 60 милиони денари, а општина Центар ќе почне со реализација веднаш по изработката на проектите.

Тодоровиќ уште еднаш ја нагласи важноста од вложување во инфраструктурата што, според него, е значаен предуслов за економски развој и привлекување инвестиции.

Би можело да ве интересира

Можни резултати од унгарските избори, и што секој од нив ќе значи

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?