Непознатите музичари од скопските средни училишта вечерва на едно место! Со почеток во 19.30 часот, на Школка во Градскиот парк, ќе се претстават десет имиња од скопската андерграунд сцена!
Забавата ќе трае до доцна, а ќе настапат Alter Ego, The moonage, MyLaw x Young Dadi, Хајка, Samal, Џанкис Манкис, The Golden 4, Александар Топличански…
Овој хепенинг е дел од проектот ЕУ – ДА, во организација на ЦРД Алтер, а со поддршка од Град Скопје.
Проектот беше спроведен во четири скопски гимназии, и содржеше часови и дебати за ЕУ, како и квиз на знаење за Европската унија. Победник на квизот беа учениците од гимназијата Раде Јовчевски Корчагин.