А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: Васко Маглешов
Македонија

Ексшефот на кабинетот на Мијалков понуди гаранција за слобода, но судот го одби

by Васко Маглешов26/09/2019 - 12:101309
Share1

Поранешниот шеф на кабинетот на Сашо Мијалков, Тони Јакимовски, понудил гаранција за да се брани од слобода во предметот за злоупотребите со спецкасата на УБК, но судот го одбил.

Следете a1on на Instagram Instagram

Од судот за „А1он“ ја потврдија информацијата: „Одбраната на посоченото лице има поднесено предлог за укинување на мерката притвор со понудена гаранција до Кривичниот совет, предлог што е доставен на мислење во надлежното Јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, со оглед дека мерката притвор е определна по предлог на посоченото обвинителство. По добиено негативно мислење од надлежното обвинителство, советот има донесено решение со кое предлогот се одбива како неоснован и е доставен до странките во постапката“. Јакимовски има право на жалба до Апелацискиот суд.

Судењето за злоупотребите со спецкасата во УБК почнува следната недела. Ќе го суди судијата Владимир Туфегџиќ.

Против четворица поранешни вработени во УБК, Тони Јакимовски, Петре Пешовски, Стево Маџовски и Кристина Јосифовска, Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција поднесе обвинение за злоупотребени пари од над 820 илјади евра.

Следете a1on на Youtube YouTube

Во временскиот период од 2007 до 2017 година, во 172 наврати за потребите на касата за исплата на средствата за посебни намени на УБК, од одделот за финансии при Министерството за внатрешни работи подигнале парични средства за кои поднесувале барања и признаници за износите. Без да имаат посебно одобрение од директорот на Управата, без да биде формирана омисија за ништење на материјална документација и без записници, ги уништиле евиденциите за потрошените средства заедно со документацијата за исплата. Со ваквите дејствија го оштетиле државниот буџет.

mvrtoni jakimovski

Би можело да ве интересира

Лишени од слобода 23 возачи за безобѕирно управување возило, без дозвола 21 од кои тројца малолетници

Предраг Петровиќ10/06/2026 - 17:43

Уапсени се возачи за безобѕирно возење – повеќето се без возачка дозвола

А1он06/06/2026 - 15:11

Криминална шема за продажба на бебе, новороднече во замена за 500 евра

Катерина Ѓуровски04/06/2026 - 11:00

МВР: Воведен Кодекс за облекување за вработените и странките во објектите на Одделот за граѓански работи

Горан Наумовски27/05/2026 - 20:07

Кривична пријава за дваја полицајци, истепале приведен

Катерина Ѓуровски20/05/2026 - 14:58

Шпионска афера во кабинетот на претседателката: Обвинителството со месеци чека клучни докази од МВР

Катерина Ѓуровски20/05/2026 - 11:45
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто