Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ до Шилегов: Нема поголема злоба од тоа кога градот ќе го оставите без проекти, а на Бихаќка ќе кроите списоци за партиски вработувања

Од:

„Кога Шилегов се жали за постоење на лажни вести сигурно мисли на неговите изјави дека ќе донесе чист воздух во Скопје, дека ќе ја продолжи Илинденска, а кејот кај ГТЦ наместо автопат ќе биде пешачка зона, дека билет за едно возење во ЈСП ќе добијат скопјани во септември, па кога ќе помине месецот, нема да биде важно што ја лажеше јавноста и ќе даде ново ветување за октомври.

Таквата бесрамност за сопствениот срам и површност постои само кај Петре Шилегов.

И кога не сме кај вистината, реалноста е дека Шилегов носи одлука за нови 350 партиски вработувања. Само денес на точка на дневен ред Советот ќе расправа за нови 186 вработувања во градската администрација, и тоа 110 на определено време, и 76 на неопределено време.

И бидејќи Шилегов обвинува дека опозицијата била злобна, вистината е дека нема поголема злоба кога градот ќе го оставите без проекти, а на Бихаќка ќе се кројат списоци за нови вработувања во Градот Скопје на терет на граѓаните.

Нема поголемо лицемерие кога од вработен како хаус мајстор во Општина Центар преку ноќ ќе направите раководител на сектор во Градот Скопје кој во слободно време гради згради во градот каде главен крадоначалник е Петре Шилегов.

И на крај нема поголемо промашување кога две години ќе управувате со градот, и две години ќе потрошите на лаги, криминал и неработа“, се вели во соопштението на Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Мицкоски: Земјотресот од 1963-та покажа дека обединети можеме да ги надминеме и најголемите предизвици

Филипче: Скопје по земјотресот се издигна од рушевините, денес се разорува од погрешни политики

Меџити: Историската меморија се гради со оддавање почит на оние што оставиле трајна трага во идентитетот на Скопје

Левица: Скопје беше кренато од урнатините – денес го затрупуваат дивоградби и корупција