Тимоние: Да се стави крај на неказнувањето на политичките елити и на едната и на другата страна

Од:

Франција се уште не одлучила како ќе се изјасни за отпочнување на преговорите на Република Северна Македонија со ЕУ и за неа е многу важно владеењето на правото, а одлучувачки ќе биде генералниот пристап за проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан, изјави денеска францускиот амбасадор Кристијан Тимоние.

Тој потенцира дека случајот „Рекет“ треба да се разгледува реално и да се стави крај на неказнувањето на политичката елита и на едната и на друга страна.

– Се разбира дека за датум за преговори ќе бидат земени предвид заслугите на секоја земја индивидуално, меѓутоа постои глобална визија за иднината на Европската унија, а таа претпоставува регионална димензија, која е многу важна во одлучувањето. Заслугите и индивидуалниот прогрес на секоја земја ќе бидат вреднувани одделно, но генералниот пристап за проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан ќе биде најважен, истакна амбасадорот Тимоние, во врска со тоа дали Република Северна Македонија ќе биде разгледувана во пакет со Република Албанија кога ќе се одлучува за доделување на датум за отпочнување на преговори со ЕУ.

Би можело да ве интересира

Маж од Битола и се заканувал и изнудувал пари од сограѓанка

Притворен рекетар од Скопје кој од жртвата барал 180.000 евра

Ниту измените во Кривичниот законик, ниту најавената амнестија не ја опфаќаат Катица Јанева

Приведени две лица за изнуда, поднесена кривична пријава

(АУДИО) Русковска не знае дали е таа на новите бомби за кои кажа дека се од „Рекет“, па сега не знае што врска имаат со предметот

Кристијан Ландов

Караници меѓу сестрата на Камчев, Боки 13 и адвокатот, судијата смируваше: „Тужи ме колку сакаш“

Кристијан Ландов