Опасност од уривање на дел од глечер на Мон Блан

Од:

Италијанските власти ги затворија патиштата и евакуираа објекти, откако експертите предупредија дека дел од глечерот на Мон Блан може да се урне.

Властите предупредуваат дека постои опасност од отцепување на 250.000 метри кубни мраз од глечер на врвот Гранд Жорас, јави Би-Би-Си.

Експертите велат дека е невозможно да се предвиди кога ќе се одвои ледената маса.

Градоначалникот на блискиот град Курмајор рече дека глобалното затоплување го менува изгледот на планината.

– Она што се случува сега, уште еднаш покажува дека планината претрпе период на големи промени како резултат на климатските фактори и природата е ранлива, изјави градоначалникот Стефано Мисерочи за италијанските медиуми.

Мон Блан е највисокиот планински венец во Западна Европа и има 11 врвови над 4.000 метри во Франција и Италија, кои ги посетуваат стотици илјади туристи секоја година.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: По четири дена спасена Италијанката која падна во пештера

Мелони се повлекува од функцијата претседател на Европските конзервативци и реформисти

Порција њоки кобна за 9-годишно девојче во Рим

А1он

ВИДЕО: Експлозија кај Фиренца, најмалку двајца мртви

Спасени 150 скијачи кои беа блокирани во ски-лифтови поради невреме

А1он

Во Италија уапсени припадници на неонацистичка „Дивизија Верволф“