Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци се одвива тековно во зимски услови, по наместа влажни коловози, соопшти ЈП „Македонија пат“.
Појава на магла има на планинскиот превој Стража поради што видливоста е намалена на 70 до 100 метри.
По клисурите и усеците е можна зачестена појава на поситни одрони, посебно на патните правци Кочани-Делчево, Виница-Берово, Маврово-Дебар-Струга, Демир Капија-Удово и Катланово-Велес.
Дежурните екипи се на терен, редовно ги контролират и одржуваат проодни сите патни правци.