Преубавиот кањон Зион, во националиот парк во Јута, стана толку популарен што чуварите вовеле лотарија за оние кои сакаат да се запознаат со неговата недопрена убавина.
Под два врва – Северниот и Јужниот ангел чувар, се наоѓа Сабвеј, неверојатен кањон чија форма на алгите им дозволува да се развиваат и потоа тие го бојат во живописни зелени бои.
Паркот дозволува дневно да го видат само 80 лица, а нивните имиња се извлекуваат од „среќното тркало“.
Посетата е ограничена на периодот меѓу март и ноември и од заинтересираните се формираат групи од по 12 лица.
Иако кањонот е долг само околу 400 метри, тешко е да се пронајде патот до него. Затоа вкупната туристичка тура има должина од 15 километри, а оние кои тргнат по неговиот пат, мораат да бидат во добра кондиција.
Заради пречките на патот, од паркот наведуваат дека лицата кои немаат искуство да не тргнуваат на оваа тура или да пронајдат искусен партнер за шетање.