Европската Комисија ги објави статистиките за извозот и увозот на прехранбени производи за јули оваа година, тие бележат значаен раст во споредба со истиот месец претходната година.
Последниот извештај на Европската Унија покажува дека извозот на прехранбени производи од ЕУ е зголемен за 12,6 отсто, односно 13,07 милијарди евра во јули оваа година.
-Со увоз во износ од 9м92 милијарди евра, позитивното конто на трговскиот биланс на ЕУ за јули 2019 изнесува 3,15 милијарди евра, информира Европската Комисија.
Најголем раст е забележан во извозот кон САД, Кина и Јапонија, а најизвезувани производи се свинското месо, алкохолните пијалаци, млекото во прав и виното.
Што се однесува до увозот, најзначајно зголемување бележат тропското овошје, секундарните житарици и растителните масла.