Нето профитот на Лукоил лани е зголемен за 6,2 отсто на годишно ниво на рекордни 11 милијарди долари, соопшти компанијата.
Профитот при плаќање на данок, камати и амортизација ЕБИДТА беше 18,9 милијарди долари и поголем е за 1,7 отсто од 2011 година.
Приходите од реализацијата пораснаа за 4,1 отсто, на 139,17 милијарди долари.
Лукоил на акционерите за дивиденда ќе одвои околу 23 отсто од ланскиот нето профит, рече претседателот Вагит Алекперов, на претставувањето на компанијата во Лондон.