Во Тексас, беа откриени 53 мигранти кои нелегално ја преминале границата со Мексико криејќи се во приколка, соопшти американската гранична полиција.
Тие биле откриени при рутинска проверка на пункт 35 километри северно од Ларедо.
Уапсени се мигранти кои дошле од Мексико, Еквадор, Гватемала, Ел Салвадор и Хондурас.
Уапсен е и возачот, кој е американски државјанин.