„Киро Дандаро“ ќе ги печати гласачките ливчиња за изборите

Од:

Печатницата „Киро Дандаро“ ќе ги печати гласачките ливчиња за локалните избори што ќе се одржат на 24 март. Државната изборна комисија попладнево на седница ги утврди измените во роковникот. Жребувањето за дополнителниот рок за поднесување кандидатури за советници и градоначалници ќе се одржи на 10 март, само за новопријавените кандидати.

Печатењето на изборниот материјал според груби проценки ќе чини околу 45 милиони денари.

– Печатницата „11 Октомври“ се откажа од учеството со образложение дека не ги исполнува условите во барањето за јавна набавка. Во однос на печатницата „Киро Дандаро“, во преговорите што се водеа откако беше утврдено дека ги исполнува условите, цената ја намали за три отсто. И печатницата „Европа 92“ исто така ги исполнуваше сите услови, но застапникот на печатницата не беше подготвен да отстапи од понудената цена, изјави членот на ДИК Бедредин Ибраими.

На денешната седница ДИК ги одобри акредитациите за набљудување на изборите – по три за Хрватската амбасада и за Хрватската телевизија, две за Амбасадата на Словачка и 75 за Американската амбасада, како и три за Државната изборна комисија на Словенија и дополнителни 25 за ОБСЕ/ОДИХР.

На полноќ истекува дополнителниот рок за поднесување кандидатури за советници и градоначалници што Собранието го изгласа во саботата по надминувањето на политичката криза.

Би можело да ве интересира

Левичарските партии во Франција заедно излегуваат на избори против Макрон и Ле Пен

Макрон го распушти собранието и распиша избори за 30 јуни

A1on

Борисов со убедливо водство на изборите во Бугарија

A1on

„Галуп“ предвидува победа на ГЕРБ на изборите во Бугарија

A1on

Првична поекција на изборните резултати за Европскиот парламент: Либералите и Зелените во минус

A1on

Во Словачка се отворени избирачките места за изборите за Европскиот парламент