СДСМ: Просечната плата за jули 2019 година повисока за 4.3 отсто од лани

Од:

„Успешните економски политики на Владата предводена од СДСМ даваат реални резултати.

Просечната месечна исплатена нето-плата во јули 2019 година, изнесува 25.104 денари и според објавените податоци на Државниот завод за статистика бележи раст од 4,3 отсто во однос на јули ланската година.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во повеќе сектори.

Владата предводена од СДСМ продолжува со мерките кои обезбедуваат повеќе пари кај граѓаните, повисоки плати и подобар животен стандард.

Приближувањето на Северна Македонија кон членство во НАТО и интеграцијата во ЕУ, придонесува за одржување на позитивен тренд на раст на платите, со крајна цел просечната плата да достигне 30.000 денари до крајот на мандатот“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Глас за нас е глас за поголеми плати и унапредени работнички права

СДСМ до Димитриевски: Ароганција е кога човек-партија одработува против своите довчерашни сопартијци

А1он

Ковачевски: Со враќање на ВМРО-ДПМНЕ дозволуваме сигурна блокада на Македонија и внатрешни етнички тензии

А1он

Ковачевски: Нека е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците

А1он

СДСМ за ЗНАМ на Димитриевски: Човек-партија, граѓаните ја препознаваат измамата

А1он

СДСМ: Во нас работниците имаат искрен партнер и сојузник

А1он