Во Грузија е разбиен синџир за трговија со деца, кои експлоатирале девојчиња на возраст од осум до 14 години за производство на порнографија, а во последниот месец се уапсени 11 лица, соопшти денеска Европол.
Меѓу уапсените се и сопственици и вработени во фотографски студија.
Грузиската полиција идентификувала десетина девојчиња кои биле жртви, а дел од нивните родители зеле меѓу 150 и 900 евра за тоа, се вели во соопштението на Европол.
Операцијата, која беше спроведена во соработка со Европол, на американските и австралиските безбедносни служби, им е најголема досега во таа поранешна советска држава. Меѓу уапсените се и еден Американец и Австралиец.