Германија ќе инвестира најмалку 100 милијарди евра до 2030 година за заштита на климата и енергетска транзиција, што произлегува од конечниот текст договорен денеска во владејачката коалиција на канцеларката Ангела Меркел.
Со тие средства, Германија ќе може да го забрза намалувањето на емисиите на штетни гасови, што досега беше многу пониско од поставените цели.
„Постигнат е договор со многу мерки и годишен механизам за проверка што треба да обезбеди дека се постигнуваат целите за намалување на емисијата на штетни гасови“, изјавиле извори блиски до Владата за западни медиуми.
Детали за договорот, склучен по 18 часа разговори, ќе бидат презентирани на прес-конференција. Суштината е дека мора да се преземат мерки за намалување на емисиите штетни гасови и да се овозможи на земјата да ги постигне своите цели за намалување, што сега се доцни.