Израел се подготвува за нова војна со Хезболах

Од:

На правливото поле во израелската јужна пустина армијата се подготвува за својата следна битка со својот познат непријател- партизаните од Хезболах во Либан.

Со засилување на граѓанската војна во Сирија воените стратези се се попритиснати дека борбите може да се прошират и во Израел и тоа во конфликтот да ја вовлече и исламистичката вооружена група, која е сојузник на претседатеклот Башар ал Асад.

Откако во 2006 година водеше борби со Хезболах, што завршија со пат ситуација, израелската армија соопштува дека извлекла важни поуки и е подготвена на групата да и нанесе тежок пораз, доколку борбите повтоно почнат.

Израелско-либанската граница е мирна во голем степен по оваа последна војна. Но, од тогаш Хезболах го пополнува својот арсенал и води тајна војна со Израел низ светот.

Евентуално паѓање од власта на сирискиот лидер или израелски напад врз другиот главен покровител на Хезболах – Иран, може да распали нова жестока војна.

-Напрегнатоста се зголемува заради Сирија, изјави по повод евентуалната битка со Хезболах висок командант од северната команда на армијата. Командантот, кој патувал на југ за да ја набљудува вежбата што вчера се спроведе, посакал анонимност, како што му налагаат правилата.

Во 2006 година при неколкунеделните израелски воздушни напади беа убиени над 1.000 лица, вклучувајќи стотици борци на Хезболах, и беше разурната важна инфраструктура.

Но, масивните напади не успеаја да ја спречат Хезболах да истрела приближно 4.000 ракети врз Израел, а борбите завршија со примирје, постигнато со посредништво на ОН.

И покрај тоа што примирјето во голем степен се почитува, Израел вели дека Хезболах систематски го пополнува својот арсенал со десетици илјади уште помоќни ракети и други носачи на ракети, способни да го погодат буквално секое место во еврејската држава.

Израелски воени претставници често пати кажуваат дека е само прашање на време кога ќе избувне следната војна.

Во меѓувреме Израел и Хезболах водат сокриена војна надвор од границите на своите држави. Во 2008 година при напад со автомобил бомба беше убиен Имад Мугние, висок воен командант на Хезболах, а според многумина нападот бил дело на израелски агенти.

Од друга страна, Хезболах се смета за одговорна за кревањњето во воздух на автобусот во црноморскиот град Бургас, во Бугарија, во јули минатата година, во кој беа убиени петмина израелски туристи и нивниот бугарски возач, како и за неуспешни обиди за бомбашки напади врз израелски дипломати во Тајланд, Индија и Грузија.

Би можело да ве интересира

Либан: Нема сериозни пречки за започнување на прекин на огнот

ВИДЕО: Израелски напад во центарот на Бејрут, четворица мртви и десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Трудо: Канада ќе ја почитува пресудата на Меѓународниот кривичен суд за Нетанјаху, Галант и Ал Масри

Бејрут и денеска е цел на израелската армија

ОН: Израелските доселеници протераа повеќе од 1.720 Палестинци од Западниот Брег

Бајден: Издавањето налог за апсење на израелски лидер е срамота

Горан Наумовски