Трамп нареди зголемување на санкциите кон Иран

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека на иранската влада ќе и бидат воведени нови „значајни“ санкции. Тоа е прв одговор на Вашингтон за нападите врз рафинериите за нафта во Саудиска Арабија, за кои кабинетот на претседателот го обвинува Техеран.

– Само што му наложив на министерот за економија значително да ги зголеми санкциите кон државата Иран, објави Трамп на Твитер.

Соединетите држави веќе имаат воведено широки санкции за Техеран, што предизвикуваат сериозни штети на економијата на Блискиот исток, вклучително и оние кои имаат за цел извоз на нафта во Иран.

Би можело да ве интересира

Кремљ: САД е непријателска земја за Русија

А1он

Владата на САД ја дели еден ден да остане без пари

Две лица загинаа, а тројца се повредени во судир на товарен воз во Тексас

Иран го одложува усвојувањето на новиот построг закон за носење шамии за жените

Еслами: Иран нема да се меша во пристапот на МААЕ за инспекција на нуклеарните локации

Горан Наумовски

Нетанјаху им порача на Иранците: Еден ден вашата земја ќе биде слободна