Потпретседателот на САД, Мајк Пенс изјави дека САД се подготвени да одговорат на нападите врз саудиски нафтени објекти.
– САД се подготвени да преземат каква било акција што е потребна за да ја одбраниме нашата држава, воените трупи и сојузниците во Заливот. Можете да сметате на тоа, изјави Пенс во Вашингтон.
Тој додаде дека Вашингтон ги анализира сите информации и дека во следните денови претседателот ќе одлучи за акција. Пенс вели дека напад врз сојузници на Американците и светската испорака на нафта ќе доживее неуспех.
Потпретседателот на САД нагласи дека Иран ќе доживее неуспех ако го извршил тој напад за да изврши притисок врз претседателот Доналд Трамп и за да го натера да се повлече.