МКФ го продолжи рокот за пререгистрација на клубовите

Од:

На барање на два клуба кои информираа дека ја отпочнале постапката за пререгистрација во Акционерски друштва, Македонската кошаркарска федерација (МКФ) го продолжи рокот за доставување на документи за завршена постапка за пререгистрација во АД до 18 март 2013 година.

Суперлигата, како највисок степен на натпреварување, започнува на 20 март, исклучиво со клубовите кои ја имаат завршено постапката за пререгистрација и доставиле документи и Решение од надлежните државни институции (Централен Регистар и Агенција за млади и спорт) како потврда.

– Клубовите КК Лирија и КК Куманово, кои по првиот дел од првенството обезбедија пласман во најдобрите шест, во случај да не ја исполнат предвидената законска обврска за пререгистрација во АД, во Суперлигата ќе бидат заменети со следните два најдобро-пласирани клубови кои се пререгистрирани во АД, информираат од МКФ.

Би можело да ве интересира

Кошаркарите на Партизан поразени од Барселона

Кошаркарите на Партизан поразени од Фенербахче во седмото коло од Евролигата

„Во последните осум години тој е најдобриот тренер во Европа“

Предраг Петровиќ

Европскиот првак го напаѓа Фенербахче без тројца играчи

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ