Промоција на аудиоизданија на Националниот сојуз на слепите

Од:

Националниот сојуз на слепите на Република Македонија денеска ќе ја промовира аудиокнигата „Ова не е крај“ посветена на Тоше Проески, како и звучното месечно списание „Панорама“, кое е гласник на Сојузот за информирање на слепите и слабовидните лица од земјава и од регионот. Двете изданија се објавени со поддршка на Министерството за култура.

Аудиокнигата е објавена во пристапен формат за слепите лица, согласно со Меѓуанродната конвенција од Маракеш од 2013 година за пристапни книги за слепи и слабовидни лица.

– Договорот е склучен помеѓу Светскиот сојуз на слепите и Светската организација за интелектуална сопственост. Се надеваме дека и Република Северна Македонија ќе го потпише и ратифиикува Договорот им дава можност на слепите лица да го уживаат основното човеково право – правото да читаат, наведува Националниот сојуз на слепите.

Сите аудиоизданија (разновидни четива и различни теми) можат да се најдат и на првата онлајн-аудиобиблиотека на веб-платформата www.nssrm.org.mk која месечно е посетена од повеќе од 200 000 лица.

Министерството за култура во рамки на Годишната програма за 2019 година го помага и објавувањето на списанието „Наш збор“ на Брајово писмо кое го издава Националниот сојуз на слепите.

На промоцијата ќе се обрати претседателот на Сојузот, Жарко Селковски, а најавено е и обраќање на министерот за култура Хусни Исмаили.

Би можело да ве интересира

„Ние, луѓето“-премиера

Kонцерт на Џез триото АУМ

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање

Доаѓа втората сезона на трилер серијата која се смета за најдобра досега

Тринаесет маратонци ќе трчаат од Нова Градишка до Крушево на 17. ултра маратон за Тоше Проески

Зубин Мехта: Патот на еден од највлијателните диригенти во светот