Десет лица загинаа во серија напади во Северен и Централен Ирак, од кои повеќето беа насочени кон службеници на силите за безбедност, соопшти ирачката полиција.
Две лица загинале и седум биле ранети во неколку експлозии во провинциите Салах ал Дин, на околу 170 километри северно од Багдад. Експлозии имало и во градовите Тикрит, Беиџи и Самара.
Во Мосул маж застрелал офицер, неговата сопруга и детето во нивниот дом.
Во друг сличен напад во градот Хила загинале пет лица од едно семејство. Тие биле припадници на провладините милиции.