Белата куќа ги затвора вратите за туристи

Од:

Белата куќа денеска соопшти дека од претстојниот викенд се укинуваат прошетките за туристите низ објектот, заради намалениот буџет што стапи на сила пред неколку дена.

Кратењето на буџетот (секвестар), со кој буџетските корисници во следните седум месеци ќе останат без 85 милијарди долари, ќе ги зафати сите сектори, од владините институции, преку прехранбената индустрија, до Пентагон.

Портпаролот на американската Тајна служба, која ја обезбедува Белата куќа, вели дека откажувањето на туристичките посети овозможува агентите, кои биле доделени како придружници на посетителите, сега да добијат нови задолженија.

Белата куќа годишно ја посетуваа околу милион туристи.

Американскиот претседател Барак Обама и републиканците не успеаја да се договорат околу пополнувањето на буџетскиот дефицит, па секвестарот стапи на сила. Обама се залагаше за зголемување на данокот за богатите, додека републиканците предлагаа намалување на давачките за низа буџетски корисници, со што ќе се намалел дефицитот.

Би можело да ве интересира

Американка која сама патува низ светот открива: „Не се чувствував безбедно во Албанија“

Предраг Петровиќ

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Дали сте спремни за продолжениот викенд?

Предраг Петровиќ

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

Англиски турист ги осквернави фреските во Помпеја: „Сакав да оставам трага од мојата посета“

Предраг Петровиќ

Прогласени најдобрите дестинации во светот за ноќен живот

Предраг Петровиќ