Екипите на Олимпијакос (Перо Антиќ) и на Фенербахче (Лестер Бо Мекејлеб) ги загубија натпреварите од 10.коло одиграни синоќа во Атина односно Истанбул.
Во Атина победа над домашниот тим оствари европскиот првак Барселона. Антиќ за 13 минути и 25 секунди постигна 7 поени.
Во Истанбул, Фенербахче загуби од Макаби, а Мекејлеб за 36 минути имаше ефект – 12 поени, 9 скокови и 3 асистенции.
Резултати на натпреварите од 10.коло: Олимпијакос – Барселона 77:90, Фенербахче – Макаби 85:94, Жалгирис – Реал Мадрид 104:105 (продолжение), Алба Берлин – Ефес 86:91 и Бросе Баскет – ЦСКА Москва 58:78.
Денеска на програмата се натпреварите: Химки – Монтепаски, Бешикташ – Каха Лаборал и Уникаха – Панатинаикос.
Табела Е група: Реал Мадрид 9-1 (победи-порази), Ефес 8-2, ЦСКА 7-3, Панатинаикос 6-3, Уникаха 4-5, Жалгирис 4-6, Алба 1-9, Бросе Баскет 0-10.
Табела Ф група: Барселона 9-1, Монтепаски 7-2, Олимпијакос 6-4, Химки 5-4, Макаби 5-5, Каха Лаборал 4-5, Фенербахче 2-8, Бешикташ 0-9.