Европската унија постапи правилно, со тоа што не ги вооружи антивладините борци во Сирија, бидејќи во спротивно ќе ризикуваше „голем пожар“, изјави министерот за надворешни работи на Германија Гидо Вестервеле.
– Одлуката на ЕУ да не го укине ембаргото беше мудра и правилна. Важно е сепак да се покаже поголема флексибилност и да се сфати дека оти е потребно да се поддржи опозицијата на поодговорен начин. Сепак не треба да се дозволи да се разгори голем оган, изјави Вестервеле во Лондон.
Британскиот министер за надворешни работи Вилијам Хејг изјави во неделата дека Лондон не ја исклучува можноста во иднина да ги вооружи буинтовиците, кои се борат против сили на сирискиот претседател Башар ал Асад. Во средата, пак, тој отиде подалеку велејќи дека Обединетите Кралство ќе испрати оклопни возила и нагласи оти ЕУ треба да биде подготвена да преземе уште мерки, доколку не се пронајде политичко решение за кризата.
Ембаргото кое го воведе ЕУ е препрека за снабдување на сириските бунтовници, но изминатите недели беа воведени измени, согласно кои сега е можно испраќање на несмртоносна воена опрема како панцири.