Ибраим Колари: Ќе работам за едно евро годишно, платата за успешните студенти

Од:

Доколку ми ја дадете вашата доверба и ме изберете за градоначалник ќе работам за едно евро годишно, а градоначалничката плата ќе им ја подарам на најуспешните студенти од Дебар, ова на вечерашната промоција го истакна Ибрахим Колари, незвисен кландидат за градоначалник на овој град.

Колари, кој три децении живее и работи во САД, каде има свој бизнис, а повеќе од десет години има и бизнис и во Дебар, на своите сограѓани им вети правилно и доследно искористување на богаствата со кои располага општината, привлекување странски инвестиции, кои ќе му го вратат некогашниот имиџ на урбан град и еднаш засекогаш ќе стават крај на миграцијата на младите, условена од немањето можност за вработување.

Колари, кој лани беше прогласен за Филантроп на годината од дијапосрата, награда што ја доделува Центарот за институционален развој – ЦИРА, вети ефикасно и демократско владеење на локалната власт, професионална, способна, ефикасна, одговорна и непартиска администрација, бескомпромисна борба против корупцијата, непотизмот и другите негативни појави, како и реализација на проекти за подобрување на образованието, здравството, условите во земјоделството, заштитата на животната средина, спортот и културата.

Пред дебарчани беа промовирани и кандидатите за советници на група граѓани (независна листа) чиј носител е Јакуп Марку, дипломиран економист, вработен во Бирото за вработување.

Би можело да ве интересира

Можни резултати од унгарските избори, и што секој од нив ќе значи

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?