Србија нанесе уште еден пораз на Соединетите Американски Држави на Светското првенство во кошарка, победувајќи со 94-89 во дуел за пласман од 5-то и 8-мо.
Двете екипи се очекуваше да се борат за титулата, но останаа без медали.
Сепак, Србите играа подобро и запишаа победа, а Американците во најдобар случај би завршиле на седмо место.
Богдан Богдановиќ за победниците постигна 28 поени, од кои 7 тројки од вкупно 15 за цел тим. Владимир Лучиќ додаде 15, додека за САД, Харисон Барнс реализираше 22, а Кемба Вокер додаде 18.