Лирија казнета со 25 илјади денари

Од:

Кошаркарскиот клуб Лирија е казнет со 25.000 денари жод страна на комесарот за натпревари при Македонската кошаркарска федерација, Владимир Макревски.

Причина за казната е инцидентите кои се случија за време на натпреварот од 13-то коло против Кожув.

„Неспортско скандирање кон судиите и гостинската екипа. На теренот фрлени повеќе тврди и меки предмети, запалки, метални пари и пластични шишиња. При крајот на полувремето при еден вербален дуел меѓу играчот на КК Лирија Симиќ Т. и службениот претставник на КК Кожув, Димитров Д., дошло до тензична атмосфера која понатаму се смирила. За време на полувремето при напуштање на теренот на пат кон соблекувалната прскани со вода и навредувани играчите и службените лица на гостинската екипа. По завршувањето на натпреварот голем број неслужбени лица присутни на теренот. Останатото без забелешки од страна на обете екипи и службените лица“, се вели во извештајот.

Би можело да ве интересира

Кошаркарите на Партизан поразени од Барселона

Кошаркарите на Партизан поразени од Фенербахче во седмото коло од Евролигата

„Во последните осум години тој е најдобриот тренер во Европа“

Предраг Петровиќ

Европскиот првак го напаѓа Фенербахче без тројца играчи

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ