А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: Маја Илиевска-Пачемска
Македонија

Тепале лекари, обезбедување и полицајци во стара Градска оти им досадило да чекаат

by Маја Илиевска-Пачемска12/09/2019 - 11:4612/09/2019 - 12:042994
Share0

Пациентот поради кој ноќеска се случила масовна тепачка во старата Градска болница, се степал оти не сакал да почека за да му помогнат. Дежурниот доктор го прегледал и утврдил дека се работи за исекотина на раката па му кажал на пациентот да почека раната да му ја санира лекар пластичар, оти тој бил неврохирург. Пацентот откако малку почекал, го нападнал лекарот, а во тепачката се вклучила и поголема група луѓе која во болницата се појавила со него, откриваат за „А1он“, вработени во болницата.

Добивај вести на вибер

„Повредениот пациент е Македонец кој живее и работи во Германија. Деновиве бил дојден во Македонија, а ноќеска ја повредил раката. Кажал дека се исекол на забава. Дошол во болницата да побара помош, го прегледал дежурниот лекар и му кажал да почека да го преземе колешката пластичар, оти тој бил неврохирург. Колешката во моментот била зафатена. Пациентот почекал извесен период па кога му досадило да чека прво се скарал со докторот, па го нападнал, а тука се вклучила и групата луѓе која се појавила во болницата по него. Таквите пациенти обично кај нас доаѓаат на принципот ’еден оди, сто води’. Се вмешало обезбедувањето, но групата и него го нападнала, па вработените повикале полициски ’Алфи’. Разбеснетата група, меѓу кои имало и поднапиени, се степала и со ’Алфите’. Тогаш се појавиле и полицајците во униформа и сите повредени, и од групата напаѓачи и полицајци, биле пренесени во државна болница“, го објаснија инцидентот вработени во болницата онака како што нив им пренеле колегите кои дежурале ноќеска.

Директорот на болницата, Иван Спировски за „А1он“ изјави дека персоналот и полицајците биле нападнати од поголема група луѓе и нагласи дека слични напади им се случуваат секој втор ден.

МВР потврди дека имало инцидент во кој има и приведени.

„На 12.09.2019 во Градската општа болница ’Св. Наум Охридски’ во Скопје, полициски службеници го лишиле од слобода С.М. (31) од Скопје поради тоа што во 02.45 часот во болницата физички нападнал вработен како обезбедување во болницата и двајца полициски службеници кои извршувале службени дејствија и интервенирале по пријава за физичкиот напад врз вработениот.

С.М. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок. Исто така, ќе биде поднесена пријава по Законот за прекршоци против јавниот ред и мир за уште две лица кои биле со С.М.“, изјавија од МВР за „А1он“.

За да се избегнат дополнителни инциденти, болницата неколку часа била затворена и не примала пациенти. Инцидентот се случил меѓу два и три часот ноќеска.

hronikaincidentimvr

Би можело да ве интересира

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

Предраг Петровиќ28/02/2026 - 16:18

Кумановец дал 43 илјади евра на лажен продавач на крипто валути

Катерина Ѓуровски27/02/2026 - 13:55

Украл голф, удрил во маркет, ја повредил вработената и избегал

Катерина Ѓуровски27/02/2026 - 13:50

Уапсена лихварка: дала 2.700 евра, барала да и вратат 15.000

Катерина Ѓуровски27/02/2026 - 11:5027/02/2026 - 12:03

Нема крај на измамите: на старец од Битола му зеле 10 илјади евра со приказна за повредена внука

Катерина Ѓуровски25/02/2026 - 13:57

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена

Горан Наумовски23/02/2026 - 13:32
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен