Затворен за сообраќај крак на улица „Христо Татарчев“

Од:

Град Скопје преки соопштение ги информира граѓаните дека поради градежни активности за поставување попречна решетка за прифаќање атмосферски води, од денеска, па во наредните 10 дена комплетно ќе биде затворен за сообраќај кракот на улица „Христо Татарчев“, на потегот од Енергосистем до новиот кружен тек. Целокупниот сообраќај од Припор и кон Припор ќе се одвива по споредната улица, околу објектот на Енергосистем.

Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да се придржуваат до времено поставениот режим на сообраќај.

– Истовремено, ги замолуваме сите учесници во сообраќајот за трпение и разбирање поради можното отежнато одвивање на сообраќајот во овој дел на градот, велат од Град Скопје.

Би можело да ве интересира

По декади запуштеност се чисти Железничката станица во Скопје

А1он

Земјотрес со епицентар во скопското подрачје

Предраг Петровиќ

79-годишен скопјанец допираше малолетно девојче

Семејно насилство во Скопје: Мајка е истепана од својот син

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски