Арбен Думани во Велика Британија пристигна како десетгодишно дете, со своето семејство, кое избега од војна погоденото од Косово и веднаш стана херој во британските медиуми. Како слатко дете беше интервјуиран за „новиот живот” кој има намера да го започне во Глазгов и за бројните можности кои му се нудат.
Сега, во 23-та година, уапсен е како шеф на албанска криминална банда која планираше, Британија да ја преплави со кокаин и осуден е на 12 години затвор.
Од понудените можности, Думани ја избрал онаа што му се чинела најдоходовна, а на новата татковина и се одолжил со план во неа да пласира кокаин вреден 1,2 милиони фунти. Обвинителот тврди дека Думани и неговата банда организирле трговија со кокаин, „практично во индустриски размери”.
Во текот на минатогодишната рација во Глазгов, полицијата, во засолништето што го користеле, запленила повеќе од два килограми првокласен кокаин, заедно со супстанции и опремата потребна за мешање со која се зголемува количината на дрога наменета за продажба.
Арбен и неговите тројца соучесници – албанеците Алберт Мемија, Фабион Понари и Ѓорѓ Петри – вчера во судот во Глазгов се осудени на вкупно 30 години и шест месеци затвор.
Се фотографирале како ги шмркаат со кокаин испишани нивните имиња.
На истрагата, која ги теретеше, во одреден степен и самите и помогнале, така што со своите мобилни телефони се фотографирале како шмркаат кокаин, каде што “линијата” била формирана во вид на нивните имиња.
Судијата ОГрејди, операцијата за растурање на дрога за која им е судено ја оцени како „исклучителена во планирањето, промисленоста и опсегот”. Обвинетите „физички формирале постројка за преработка на дрогата и одговорни се за преработка и планирано растурање на дрога од А класа.”