Штетата нанесена на градските автобуси изнесува околу 8 милиони денари, или 130 илјади евра, соопшти ЈСП.
Оштетени се седум автобуси, а еден е целосно запален, но осигурителните компании ќе ја покријат штетата. Прозорците на каменуваните автобуси се сменети, а по изборите ќе биде набавено и ново возило.
Во обид да ги заштити новите автобуси од напади, ЈСП извади неколку од старите автобуси кои се уште се во функција.
„Повеќе од 100 контролори се на терен, но сепак тешко е да се спречат хулиганите, бидејќи тие го оштетуваат возилото однадвор“, велат од ЈСП.
Јасна Атанасова