УНВТО: Бројот на туристички посети поголем за четири отсто

Од:

Бројот меѓународни туристички посети и патувања во светски рамки, пораснал за четири отсто во првата половина од оваа година, што е речиси 30 милиони повеќе од истиот период лани. Сега бројката изнесува 671 милион, соопшти Светската туристичка организација при Обединетите Нации (УНВТО).

„Порастот на меѓународни туристички патувања во светот во првата половина на оваа година ‘нѐ враќа’ на позитивниот тренд којшто е во склад со долгорочните прогнози на УНВТО од 3 – 4 насто раст до 2020 година“, посочуваат резултатите од анализата.

Извештајот е објавен вчера во рамки на новото издание на туристичкиот барометар спроти 23. Генерално собрание на УНВТО.

Растот за годинава го предводи Блискиот Исток, со осум отсто повеќе посети на странски туристи. До крајот на јуни, четири отсто повеќе луѓе посетиле странска европска земја, а пак, Африка и Северна Америка имале умерен раст, од три, односно два отсто во однос на лани.

Би можело да ве интересира

Американка која сама патува низ светот открива: „Не се чувствував безбедно во Албанија“

Предраг Петровиќ

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Дали сте спремни за продолжениот викенд?

Предраг Петровиќ

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

Англиски турист ги осквернави фреските во Помпеја: „Сакав да оставам трага од мојата посета“

Предраг Петровиќ

Прогласени најдобрите дестинации во светот за ноќен живот

Предраг Петровиќ