САД потрошиле милијарди долари во Ирак без поголем резултат

Од:

САД од инвазијата на Ирак, пред десет години, досега во земјата потрошиле 60 милијарди долари за обнова што има многу мали резултати, се наведува во рeвизорски извештај на генерален инспектор за обнова на Ирак.

Амбициозниот план за трансформација на земјата по падот на Садам Хусеин мина во знакот на недовршени проекти и неисполнети очекувања, се наведува во финалниот извештај на специјалниот генерален инспектор за обнова на Ирак Стјуарт Боувен.

Планот не ги даде очекуваните резултати поради спорот меѓу американските агенции и пристапот базиран на импровизација, при што немало директно одговорно лице за инвестициите за помош и обнова на Ирак, се наведува во извештајот претставен пред Конгресот.

Поради пропусти во раководењето и финансиите, стотици проекти не ги постигнаа очекуваните резултати, што остави голем број Ирачани разочарани, се истакнува во извештајот.

Дел од парите за обнова се украдени и неколку американски воени функционери и раководители на компаниии ангажирани за спорведување на проектите се наоѓаат во затвор за проневера. За дел од средствата се уште не е утврдено каде завршиле.

Во извештајот, сепак, се заклучува дека програмот за обука и вооружување на ирачките сили претставува пример за успех.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас