Концерт „Руски сон“ на младиот оперски пејач Дарко Тодоровски во Куманово

Од:

Младиот оперски пејач Дарко Тодоровски ќе одржи целовечерен концерт во кумановскиот Центар за култура „Трајко Прокопиев“ по повод пет века постоење на Куманово. Концерот насловен „Руски сон“ на кој ќе придружуван од пијанистката Анастасија Грговска ќе почне во 20:00 часот.

– На репертоарот се наоѓа широко епохално патување, од љубовниот циклус на Дмитри Шостакович и класичните романси, преку познатите салонски и современи романси, па се до преодниот формат романс-песна, кој меѓу другото е многу популарен во Русија-изјави Тодоровски.

Тој најави дека ќе продолжи да биде амбасадор на македонската музика надвор од границите на државата и додаде дека подготвува изворна македонска песна во слободен аранжман со пијанистката Грговска.

Вечерашниот концерт е дел од програмата Куманово град на културата и 500 години Куманово, а е финансиран од Министерството за култура.

Би можело да ве интересира

Дваесет и втор Меѓународен натпревар на млади музичари „Охридски бисери“

Ана Ололовска

Концерти на воените оркестри од армиите на С. Македонија и на САД за Европа и Африка

Ана Ололовска

Концерт на духовна музика на хрватскиот тенор Стијепо Глеѓ Маркос

Ана Ололовска

Музичка младина на Македонија го почнува циклусот концерти „Слободна среда“

Ана Ололовска

Концерт на „Профундис“ И „13 Гудачи“ заедно со светски познатата Ирина Муресану

Ана Ололовска

Концерт на Македонски брас квартет во КИЦ на РСМ во Софија

Ана Ололовска