Фон дер Лајен вo вторник ќе го претстави новиот состав на Еврокомисијата

Од:

Новоименуваната претседателка на Европската комисија Урсула фон дер Лајен на 10 септември ќе го претстави новиот состав на Европската комисија.

Откако новата италијанска Влада денеска официјално го номинираше Паоло Џентилони за иден еврокомесар, Фон дер Лајен го комплетираше списокот од 27 комесари, кои во следните пет години ќе бидат дел од нејзиниот тим.

Новата шефица на Европската комисија сега треба да им распредели области за кои ќе бидат задолжени во рамки на европската политика.

– Задоволна сум што ги добив имињата од сите земји членки на ЕУ. Се надевам дека ќе составам добро избалансиран тим, кој ќе го претставам во вторник, најави претседателката на Еврокомисијата.

По претставувањето, за номинациите ќе се расправа и во Европарламентот, по што официјално ќе бидат именувани на први ноември.

Би можело да ве интересира

Лавров: Ефектот на „вакцината“ против нацистичкиот „вирус“ на Запад е значително ослабен

Аракчи најави можност за почеток на преговори меѓу Иран и Европа

Трамп: Европа ќе плати висока цена за недоволниот увоз на производи од САД

ВМРО-ДПМНЕ: СДС на патот на Македонија кон Брисел испорача само селфи и лаги

Едно од најголемите вселенски летала на НАСА тргнува на патување од 2,9 милијарди километри

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Во Европа беснеат поплави: Во Романија има мртви, во Чешка евакуирани стотина граѓани