(ВИДЕО) Кирацовски: Героски ми призна дека направил фаул кога ме спомна во аферата „Рекет“

Од:

Пратеникот на СДСМ, Александар Кирацовски кој денеска беше повикан на распит за случајот „Рекет“ во Обвинителството за организиран криминал и корупција изјави дека не се пронаоѓа под псевдонимот Кики, односно делата поврани со „Рекет“ за кои пишуваше Бранко Героски.

Кирацовски рече дека Героски лично му признал дека направил фаул кога го поврзал во случајот „Рекет“.

„Кога ги прочитав написите на новинарот Героски, иницирав средба со него. Лично се видовме и тој ми призна дека во мојот случај направил фаул“, рече Кирацовски.

Геровски во неколку наврати во своите колумни пишуваше за случајот „Рекет“ каде според него главните актери во аферата беа напишани под псевдоними. Во Кики јавноста го препозна доскорешниот генерален секретар на владејачката СДСМ, Кирацовски.

Според пишувањата на Героски, Кики посредувал во неколку средби, помеѓу Бојан Јовановски и одредени бизнисмени и градоначалници.

Кирацовски денеска во Обвинителство беше повикан како сведок. Пред обвинителката Вилма Русковска се појави сам без присуство на адвокат.

Оваа недела искази во Обвинителството дадоа пратеничката и почесна претседателка на Меѓународниот сојуз, Фросина Ременски, водителката Лила Филиповска, бизнисмените Силјан Мицевски и Ардијан Амзоски.

Ременски по завршување на 2 и пол часовниот распит ги отфрли сите шпекулации во кои таа се поврзува со извршување било какво кривично дело и нејзина поврзаност со случајот Рекет. Ременски исто така кажа дека не присуствувала на состанокот со бизнисменот Силјан Мицевски и Бојан Јовановски-Боки 13 каде се договарала трансакцијата од 720 илјади евра.

Мицевски пред Обвинителството изјави дека пари префрлил на сметката на Меѓународниот сојуз, а не на сметка на пензионерката Лилјана Тодоровска. Станува збор за 720 илјади евра кои, како што рече, ќе бара да му бидат вратени.

Водителката Лила Филиповска на излегување од Обвинителството не сакаше да даде изјава за медиумите. На новинарските екипи им испрати бакнеж со зборовите „чао друштво“.

Амзоски на сметката на Меѓународниот сојуз на Боки 13 уплатил околу 260.000 евра за стратешко партнерство и деловна соработка.

Во врска со „Рекет“ осомничени и во притвор се Бојан Јовановски – Боки 13, Зоран Милевски – Кичеец и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

Би можело да ве интересира

Маж од Битола и се заканувал и изнудувал пари од сограѓанка

Притворен рекетар од Скопје кој од жртвата барал 180.000 евра

Ниту измените во Кривичниот законик, ниту најавената амнестија не ја опфаќаат Катица Јанева

Приведени две лица за изнуда, поднесена кривична пријава

(АУДИО) Русковска не знае дали е таа на новите бомби за кои кажа дека се од „Рекет“, па сега не знае што врска имаат со предметот

Кристијан Ландов

Караници меѓу сестрата на Камчев, Боки 13 и адвокатот, судијата смируваше: „Тужи ме колку сакаш“

Кристијан Ландов