(ВИДЕО) Кирацовски: Не знаев дека Боки 13 вршел рекет

Од:

Пратеникот и доскорашен генерален секретар на СДСМ, Александар Кирацовски, по двочасовниот распит во Обвинителството за организиран криминал и корупција изјави дека не знаел оти Бојан Јовановски познат како Боки 13 вршел рекет на одредени бизнисмени.

Кирацовски исто така истакна дека во обвинителството бил повикан за еден мал сегмент. Тој рече дека немал никаква поврзаност односно не ургирал кај градоначалничката на Битола за соработка со Меѓународниот сојуз околу домот за стари лица.

– Немам никаква поврзаност со случајот. Повикан сум за еден мал сегмент. Ние сме чесни луѓе и сметам дека со мојот исказ помогнав истрагата за „Рекет“ да добие правилен тек, рече Кирацовски.

Пратеникот од СДСМ на прашање на новинарите околу заедничката фотографија со Боки 13 рече дека Јовановски инсистирал да се направи заедничка фотографија.

Кирацовски денеска во Обвинителство беше повикан како сведок. Пред обвинителката Вилма Русковска се појави сам без присуство на адвокат.

Оваа недела искази во Обвинителството дадоа пратеничката и почесна претседателка на Меѓународниот сојуз, Фросина Ременски, водителката Лила Филиповска, бизнисмените Силјан Мицевски и Ардијан Амзоски.

Ременски по завршување на 2 и пол часовниот распит ги отфрли сите шпекулации во кои таа се поврзува со извршување било какво кривично дело и нејзина поврзаност со случајот Рекет. Ременски исто така кажа дека не присуствувала на состанокот со бизнисменот Силјан Мицевски и Бојан Јовановски-Боки 13 каде се договарала трансакцијата од 720 илјади евра.

Мицевски пред Обвинителството изјави дека пари префрлил на сметката на Меѓународниот сојуз, а не на сметка на пензионерката Лилјана Тодоровска. Станува збор за 720 илјади евра кои, како што рече, ќе бара да му бидат вратени.

Водителката Лила Филиповска на излегување од Обвинителството не сакаше да даде изјава за медиумите. На новинарските екипи им испрати бакнеж со зборовите „чао друштво“.

Амзоски на сметката на Меѓународниот сојуз на Боки 13 уплатил околу 260.000 евра за стратешко партнерство и деловна соработка.

Во врска со „Рекет“ осомничени и во притвор се Бојан Јовановски – Боки 13, Зоран Милевски – Кичеец и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

Би можело да ве интересира

Маж од Битола и се заканувал и изнудувал пари од сограѓанка

Притворен рекетар од Скопје кој од жртвата барал 180.000 евра

Ниту измените во Кривичниот законик, ниту најавената амнестија не ја опфаќаат Катица Јанева

Приведени две лица за изнуда, поднесена кривична пријава

(АУДИО) Русковска не знае дали е таа на новите бомби за кои кажа дека се од „Рекет“, па сега не знае што врска имаат со предметот

Кристијан Ландов

Караници меѓу сестрата на Камчев, Боки 13 и адвокатот, судијата смируваше: „Тужи ме колку сакаш“

Кристијан Ландов