Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во град Скопје: Дали зад шминкерајот на Шилегов со градските улици се крие бизнис интерес на моќници од власта

Од:

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ од градот Скопје следејќи ја, како што велат, акутната неработа и популизмот на градоначалникот Петре Шилегов, прашува дали зад секоја негова градежна активност се крие бизнис интерес на моќници од власта.

Оттука, преку соопштение, советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во град Скопје го прашува Шилегов неколку прашања: Дали зад асфалтирањето на улиците во град Скопје се кријат бизнис интереси на Петре Шилегов и луѓето од власта? Јавноста заслужува да знае дали компаниите кои асфалтираат се блиски на семејството Заеви? Дали струмички компании блиски до власта асфалтираат во градот Скопје? Дали компании од бизнис кругот на Вице Заев се ангажирани за подизведувачи за работа во градското претпријатие „Дрисла“? Дали зад шминкерајот на Шилегов се кријат скапи бизниси кои одат во џебот на луѓе од власта?

– За две години власт Петре Шилегов нема започнато ниту еден проект, ниту еден нов булевар кој оваа градска администрација го проектирал или започнал со градба? Шилегов за две години власт нема решение за ниту еден значаен проблем на скопјани, се вели во соопштението на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во град Скопје.

Би можело да ве интересира

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан

Трка на Дедомразовци во Скопје – учествуваа над 800 натпреварувачи

А1он

Семејно насилство во Скопје: 39-годишен маж ја нападна сопругата и својата мајка

Град Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита на воздухот