Британскиот Парламент одби предлог на Џонсон за избори на 15 октомври

Од:

Британските пратеници го отфрлија предлогот на премиерот Борис Џонсон за предвремени избори на 15 октомври.

Од вкупно 434 пратеници, 298 гласаа „за“ и 56 „против“.

Премиерот претрпе трет голем пораз за помалку од 24 часа, кога пратениците го отфрлија неговиот предлог за распуштање на парламентот и распишување предвремени избори.

Откако стана премиер во јули, Џонсон повеќе пати рече дека не сака предвремени избори, но, го смени ставот откако вчера изгуби клучна битка околу неговиот план за брегзит без договор бидејќи парламентот усвои предлог-закон за блокирање на излезот од ЕУ без договор.

Тој предлог-закон беше донесен вечерва во Долниот дом.

По гласањето, тој рече дека законот „и дава контрола“ на Европската унија.

– Ова е закон со цел да се поништи најголемото демократско гласање во нашата историја, референдумот за 2016 година. Го принудува премиерот да се предаде во меѓународните преговори. Јас одбивам да го сторам тоа, рече премиерот на Велика Британија.

Би можело да ве интересира

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски

Милиони Британци погодени од огромно невреме, десетици илјади останаа без струја

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот