Изградба на нови училишта во Баница и Водоча, стипендии за талентираните ученици, канцеларија за образовен менаџмент, студенски дом, градска читална, се дел од предизборните ветувања од областа на образованието на кандидатот за градоначалник на Струмица од ВМРО-ДПМНЕ Васил Пишев.
– Потребно е вклучување на бизнис заедницата во образованието и остварување на тесна соработка меѓу училиштата и стопанството за создавање на стручна работна сила и поголема можност за практично усовршување на знаењето. Поддршка при дооформување на основното образование за возрасни претквалфиикации и доквалификација и стручно усовршување, рече Пишев.
Пишев по денешната средба со учениците и студентите потенцира дека образованите млади луѓе ги препознаваат вистинските дела.
Дел од неговите предизборни ветувања се и проектите за ЕУ училиште и кабинетско организирање на образовните институции.