Американската вселенска агенција (НАСА) објави видео снимки од разурнувачкиот ураган Дориан кој ги погоди Бахамските Острови.
Снимките, направени од Меѓународната вселенска станица, покажуваат како ураганот се движи над Атлантикот мошне споро во правец на Флорида. Брзината на ветеровите со западен правец изнесува речиси 290 километри на час – рекорд што досега не бил регистриран во тој регион. Поради тоа, ураганот е означен како петта категорија, или најсилно ниво на моќност.
Според метереолозите, бурата вечерва треба да ги зафати источните брегови на САД. Службите распоредени во крајбрежните делови на севрозападна Флорида, Џорџија, Јужна и Северна Каролина, се подготвени. Започнува и задолжителна евакуација од крајбржните зони на северниот дел на Флорида и на Јужна Каролина.
Американскиот претседателот Доналд Трамп претходно објави вонредна состојба во тој дел на САД.