Џијан Емин и Дерик Меј со концерт во Лондон

Од:

Маестро Џијан Емин и светскиот диџеј Дерик Меј, на 29 август годинава одржаа концерт во салата „Ројал Фестивал Хол“ во Лондон.

Џијан Емин настапи заедно со оркестарот „Сити оф Лондон Синфонија“, и со Дерик Меј, со кого соработува години наназад на меѓународните сцени.

– Концертот беше дел од „Мелтдаун Фестивал“ чиј куратер е познатиот продуцент Најл Роџерс. Настанот помина прекрасно. Оркестарот беше фантастичен, како и маестралните Сем Лик на соло пијано и Елоиз Вернер која настапи како соло вокал. Звукот пак, во концертната сала беше извонреден. Првпат во историјата на „Ројал Фествал Хол“ се случи еуфорија и публиката стана да танцува. Настапот помина со овации, не викнаа два пати на бис, а критиките по концертот беа мошне позитивни, вели Џијан Емин.

Тој додаде дека ова е еден од најважните концерти кои досега ги одржал.

– Многу сум среќен што имавме ваква можност, да одржиме концерт во еден таков, престижен простор во кој настапуваат светски имиња, диригенти, оркестри, солисти. Меѓу публиката имаше многу ѕвезди кои јас како дете, на пример, сум ги гледал на ТВ и тоа даде дополнително задоволство, вели Емин.

Би можело да ве интересира

Директорката на Филхармонија е разрешена затоа што несовесно ракува со државна институција и со државни пари, вели министерката за култура

Горан Наумовски

Вработените во Филхармонија протестираа пред Владата

„Животот е убав“ – концерт на Филхармонијата во Градскиот парк

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија на 7. Меѓународен фестивал „Музички Едикт“ во Ниш

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија гостува во Ниш

Ана Ололовска

Нов протест на филхармоничарите пред Министерството за култура

Ана Ололовска