Почна Меморијалниот турнир во мал фудбал „Сокол 2019“

Од:

По неколкугодишна пауза, пред полни трибини со љубители на фудбалот, вчеравечер, стартуваше 17. по ред Меморијален турнир во мал фудбал „Оливер Соколов – Сокол“.

Турнирот „Сокол 2019“ го отвори градоначалникот на Општина Карпош Стефан Богоев кој во оваа пригода рече дека турнирот претставува препознатлив спортски бренд на Карпош и на Градот Скопје, со кој се горди сите жители на општината.

– Овој турнир е синоним за маалскиот живот во нашиот Карпош. Инвестирајќи во СОКОЛ, инвестираме во спортот, во развивање на маалскиот живот, во унапредување на здравите навики меѓу младите, го унапредуваме спортот на рекреативно и професионално ниво. Воедно, со него оддаваме почит кон еден од основачите на навивачката група Комити, при што сите учесници на турнирот го повикуваме на фер плеј игра, рече Богоев кој на учесниците им посака успешен турнир.

Општина Карпош во текот на летото инвестираше во реконструкцијата на трибините, соблекувалните, головите и другите елементи од игралиштето.

Првата вечер турнирот стартуваше со дуел меѓу екипите на „Легенди на ФК Вардар“ и „Легенди од турнирот Сокол“.

Во хуманитарниот дел од отворањето на турнирот, со „легендите“ од двата тима излегоа и дечиња, членови на македонската експедиција за специјални олимписки игри-параолимписки игри.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Хаос на турнир во мал фудбал во Радовиш: Општа тепачка, боскови, летаат столчиња

Заврши турнирот во мал фудбал, победник екипата од Бучин

Завршни натпревари на турнирот во мал фудбал „Скопје 2018“

Ана Ололовска

Почна традиционалниот турнирот во мал фудбал „Скопје 2018“

Ана Ололовска

Екипата на „Марфил“ е победник на турнирот во мал фудбал „Свети Никола“ во Прилеп

Ана Ололовска

Турнири во фудбал и кошарка во општина Гази Баба

Ана Ололовска