Административниот суд во Египет нареди да се откажат парламентарните избори, што требаше да почнат на 22 април.
Судот го поништи указот на претседателот Мухамед Морси, со кој се закажаа изборите. Административниот суд одлучи и Уставниот суд да се изјасни за изборниот закон.
Парламентарните избори требаше да почнат на 22 април и етапно да се одржуваат во рок од два месеца. Опозицијата се изјасни против датумот на изборите со образложение дека земјата е поделена од антивладини протести и оти гласањето нема да помине мирно.
Главната египетска опозициска коалиција Фронт за национален спас најави дека ќе ги бојкотира изборите бидејќи нема гаранции дека тие ќе бидат транспарентни.