„Затвореникот Икс“ работел за Израелците, потврди австралиската Влада

Од:

Австралиската Влада денеска првпат потврди дека „Затвореникот Икс“ кој почина во затвор во Израел, работел за израелската Влада.

Во официјална изјава, австралискиот министер за надворешни работи Боб Кар рече дека човекот што се нарекува „Затвореникот Икс“ десет години живеел во „една странска земја, земајчи и нејзино државјанство и работејќи за Владата на таа земја“.

– Ако им се верува на новинските извештаи, човекот работел за разузнавачките агенции на таа земја, но тоа е нешто што јас ниту можам да го потврдам, ниту да го демантирам, изјави Кар.

Австралиските и израелските власти официјално и натаму го кријат идентитетот на човекот и го нарекуваат „Затвореникот Икс“, онака како што бил означен во добро обезбедуваниот затвор во околината на Тел Авив, иако австралиските медиуми веќе објавија дека станува збор за Бен Зигер.

За него се знае дека се обесил во својата затворска ќелија во декември 2010 година, а израелските власти, за кои случајот е одамна затворен, дури на 13 февруари оваа година го потврдија постоењето на „Затвореникот Икс“.

Според медиумите во Австралија, Зигер е роден во Мелбурн во еврејско семејство. Тој во 2000 година заминал во Израел, каде се населил и зел израелско државјанство. Медиумите тврдат дека работел како разузнавач за Мосад, но дека имал неколку имиња со кои го криел својот идентитет.

Австралиските власти прв пат го покренаа и прашањето за злоупотребата на автсралиските пасоши за тајните операции на израелските разузнавачки агенции.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Израелски напад во центарот на Бејрут, четворица мртви и десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Трудо: Канада ќе ја почитува пресудата на Меѓународниот кривичен суд за Нетанјаху, Галант и Ал Масри

Бејрут и денеска е цел на израелската армија

ОН: Израелските доселеници протераа повеќе од 1.720 Палестинци од Западниот Брег

Бајден: Издавањето налог за апсење на израелски лидер е срамота

Горан Наумовски

Најмалку 47 лица загинаа, а 22 се ранети во израелски напад врз Балбек-Хермел во Либан